Авиони на Дирекцијата за заштита и спасување се активираа во гаснењето на огнената стихија во месноста на планина Готен,меѓу населените места Покрајчево и Злеово. Овој пожар кој веќе неколку дена е активен, каде што се опожарени големи површини шумска маса и ниско стеблести растенија. Се претпоставува дека за овој пожар причинител е човечки фактор. Пожарот е од поголем обем и со него се справува едницата на ТППЕ Радовиш и екипа на ЈП ,,Национални Шуми” подружница Плачковица, Дирекцијата за заштита и спасување до целосно ставање под контрола. Денес тие имаа помош од ЈП ,,Национални Шуми” подружница Штип и Берово, се очекува да пристигнат и ТППЕ Струмица. Дел од подрачјето на општина Радовиш, се соочува со зачестена појава на шумски пожари и пожари на отворен простор. Како причинители се сметаат високите температури на воздухот и сушниот период, но и невнимателноста на граѓаните и намерно подметнување. Од ТППЕ Радовиш упатуваа апел до сите граѓани, за поголема внимателност и совесно однесување и почитување на забраната за движење во шуми и шумски предели како и дадените препораки да не се палат стрништа и оган близу шумски површини. Post navigation Куп „КРАП 2019“ – 10-ти Јубилеен, натпревар во спортски риболов 31 КРВОДАРИТЕЛ ОД КРВОДАРИТЕЛСКАТА АКЦИЈА