МВР отвори бесплатна линија на која сите граѓани можат да се информираат за сите активности од ингеренции на Министерството, а кои се поврзани со постапувањето на МВР во врска со спречување на ширењето на коронавирусот. Телефонскиот број е 0800 00201, работи 24 часа, седум дена во неделата. Бројот е на два јазика, на македонски и албански јазик. Отворена е и мејл адресата на Министерството [email protected], за поставување прашања или пријавување случаи за непочитување на инструкциите и одлуките на Владата во врска со справувањето со коронавирусот. Post navigation 30 ЧЛЕНКА НА НАТО, ШПАНИЈА ГО РАТИФИКУВАШЕ ПРОТОКОЛОТ ЗА НАТО ЦРВЕН КРСТ РАДОВИШ НА РАСПОЛАГАЊЕ НА ГРАЃАНИТЕ ЗА НАБАВКА НА ХРАНА И ЛЕКОВИ