Денес во просториите на Библиотеката „Браќа Миладиновци“ во Радовиш беше поставена традиционалната хуманитарна акција „Божиќна трпеза“. Оваа хуманитарна акција е по повод Божиќните празници е под покровителство на општина Радовиш во соработка со Art of Living Фондацијата во чии рамки делува International Association for Human Values (IAHV), поддржана од библиотеката “Браќа Милaдиновци“ – Радовиш. Основната цел на акцијата е да се мобилизира духот на заедништво, толеранција, грижата не само за себе и сопствената егзистенција, туку и да се разбуди желбата за грижа кон другиот, потребата за делење и подарување. Знаеме дека Божиќ сам по себе е молитва, дарување, милост, емпатија, простување, желба за мир и соживот истакнаа помагателите на оваа акција. Инаку во хуманитарната акција се вклучија и голем број наши сограѓани и правни субјекти од општината донирајќи прехрамбени производи кои со нивната љубезност, великодушност и хуманост се придружија да помогнат и ги разубават божиќните празници на оние семејства кои им е портебно. Преземањето содржини и фотографии од порталот RadovisNews.mk значи дека давате согласност на нaведените Услови Post navigation ПРЕДЛАГАЊЕ НА КАНДИДАТИ ЗА ИЗБОР НА СПОРТИСТ, СПОРТСКА ЕКИПА И ТРЕНЕР ЗА 2021 ГОДИНА ОБЛАЧНО СО ПООБИЛНИ ВРНЕЖИ ОД ДОЖД, НА ПОВИСОКИТЕ МЕСТА СНЕГ