Денес ќе биде променливо облачно, претпладне со повремен локален дожд. Попладне ќе има услови за изолирана појава на краткотраен пороен дожд и ретки грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец. Максималната температура ќе биде во интервал од 25 до 33 степени. УВ=7 Времето и метеоролошки параметри за Скопје: Околу пладне и попладне променливо облачно со сончеви периоди и со слаб до умерен ветер од северен правец. T= 30 °C, P= 974 hPa, U= 52 %, V= 3 m/s. (Т- температура, P- притисок, U- релативна влажност, V- средна брзина на ветер) Утре ќе биде сончево и топло, со мала до умерена облачност. Ќе дува умерен, вдолж Повардарието повремено засилен ветер од северен правец. УВ=9 До петок времето ќе биде сончево и многу топло, со пораст на дневната температура. Во петок и за време на викендот ќе има појава на локална нестабилност проследена со пороен дожд и грмежи. УХМР *фото Архива Преземањето содржини и фотографии од порталот RadovisNews.mk значи дека давате согласност на нaведените Услови Post navigation МТСП: ВО ТЕК Е ИСПЛАТАТА НА ПРАВАТА ОД СОЦИЈАЛНА, ДЕТСКА И ЦИВИЛНА ЗАШТИТА НЕМА НОВО ОДЛОЖУВАЊЕ – ПОПИСОТ ЌЕ СЕ СПРОВЕДЕ ОД 5 ДО 30 СЕПТЕМВРИ