ОК ВМРО-ДПМНЕ денеска излезе со Пресс за медиумите за обвинувањата од страна на советничката на СДСМ Радовиш, во обраќањето Советникот и Потпретседател на ОК ВМРО-ДПМНЕ вели: Почитувани граѓани вчера беше одржана прес конференција од страна на советничката Симона Цветанов од Социјалдемократски Сојуз на Северна Македонија. Веруваме дека Симона е правник со некупена диплома. Таа добро знае дека градинките се во надлежност на Министерството за труд и социјала односно на партијата која што и таа припаѓа. Во изминатиот период тие оставија пустош во училиштата, градинките и здравството. Наместо да обезбедат согласност и трајно да го решат вработувањето на негувателките во градинките преку надлежните министерства тие во стилот на Заев, живи луѓе ке јадиме, од портир до чистач ке истераме генерираа проблеми и меѓусебно се јадеа и политички се изедоа. Народот ги казни, изгубија на локалните избори. Тие не решаваат проблеми, тие генерираат проблеми, а и самите се проблем за себе, за СДС за државата. Општинското раководство на СДС во Радовиш е во тотален хаос. Симона прави спинови да се ослободи од лично чувство на вина за пустошот и проблемите кои ги оставија свесна дека СДС е чамец кој тони и уплашена од способноста на мнозинството во Советот на Општина Радовиш, како и креативноста и способноста на градоначалникот Ацо Ристов сака лично политички да поентира и да прави каква – таква лична кариера во распаднатиот СДС. ЛИНК од целосниот прес на Советникот Александар Кулашиќ (ВИДЕО) Преземањето содржини и фотографии од порталот RadovisNews.mk значи дека давате согласност на нaведените Услови Post navigation ДЕНЕСКА ВРНЕЖИ ОД СНЕГ И ОБЛАЧНО ВРЕМЕ ОБЛАЧНО, ПОПЛАДНЕ СО ДОЖД, НА ПЛАНИНИТЕ СНЕГ