Собранието вчера го изгласа Предлог-законот за измени и дополнување на Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата. Со измените, возачите со Б категорија ќе можат да управуваат мотоцикли со автоматски менувач од категоријата А1 до 125 см³ и до 11 kW. Услов е возачот да има најмалку 23 години, да поседува Б дозвола најмалку 5 години и да помине четиричасовна теоретска обука. Обуката ќе важи само на територијата на Република Македонија, а правилата за нејзино спроведување ќе ги утврди Министерството за внатрешни работи. Предлогот е поднесен од политичката партија ЗНАМ, а условите ги потврди и Павле Арсовски. Со измените се очекува подобрување на протокот на сообраќајот, особено во урбаните средини. Воедно, се предвидува и намалување на загадувањето и сообраќајниот метеж преку зголемена употреба на помали моторни возила. © RadovisNews.mk, правата за текстот се на редакцијата на информативниот портал. Преземањето содржини и фотографии од порталот RadovisNews.mk значи дека давате согласност на нaведените Услови Post navigation Што симболизира Велигденското јајце? Зошто првото јајце треба да биде црвено? Кога се бојадисуват јајцата? Собранието синоќа го усвои Законот за средно полициско училиште по скратена постапка