Волонтерите на Општинска организација Црвен крст Радовиш се дел од тимот кој го спроведува вакцинирањето во ЈЗУ Здравствен дом Радовиш, како логистичка и административна поддршка на медицинскиот персонал. Тие се присутни на вакциналните пунктови и нивната помош е директно насочена кон населението пријавено за вакцина, преку нивно асистирање и пополнување на пропратната документација. Црвениот крст како организација е активно вклучена во помош и поддршка за справување и ублажување на последиците од здравствената Ковид-криза. Преземањето содржини и фотографии од порталот RadovisNews.mk значи дека давате согласност на нaведените Услови [metaslider id=”19966″] Post navigation ДОНЕСЕН НОВ ЗАКОНОТ ЗА ЛЕГАЛИЗАЦИЈА НА ДИВОГРАДБИ СТАПУВААТ НА СИЛА НАЈНОВИТЕ МЕРКИ ЗА ОГРАНИЧУВАЊЕ НА ДВИЖЕЊЕТО НА ГРАЃАНИТЕ И ДРУГИТЕ МЕРКИ