Во посета на Собранието на Република Македонија вчера беа ученици од ООУ “Орце Николов ” Ињево, подрачно училиште Злеово и ученици од ООУ “Кирил и Методиј” Ораовица од нашата општина Радовиш. Учениците имаа можност да разгледаат поголем дел од просториите и да се запознаат поблиску со обврските што ги имаат пратениците и вработените во Законодавниот дом. Големо задоволство беше да се слушнат многу љубопитни прашања и умни и различни размислувања од страна на учениците. Честа беше наша да бидете наши гости денес, а дел сте и од матичното основно училиште во кое што го почнав моето образование и сум премногу благодарна на наставниот кадар за несебичното пренесено знаење. Ученици, ви посакувам успешна иднина и невозможното за вас да биде достижно – им порача Пратеничката во Собранието на Македонија од нашата општина Моника Трајанова. Преземањето содржини и фотографии од порталот RadovisNews.mk значи дека давате согласност на нaведените Услови Post navigation Kамерите на „Сејф сити“ ве снимаат! Внимателно! Распишан конкурс за стипендирање на ученици во основните училишта во општина Радовиш и СОУ „Коста Сусинов“- Радовиш, за учебната 2025/2026 година