Денеска официјално започна второто полугодие на учебната 2025/2026 година на територијата на целата држава. Министерката за образование и наука Весна Јаневска преку објава на Фејсбук им упати честитка и порака за успех на учениците, наставниците и стручните служби. „Второто полугодие започнува на 20 јануари. Им посакувам успех на сите ученици, на наставниците и стручните служби во училиштата. Со помалку отсуства и голема посветеност да ги постигнат целите на учењето и наставата. Знаењето се гради со труд, упорност и меѓусебна поддршка. Среќно од вторник!“, наведе Јаневска. Таа претходно посочи дека според проценките на Министерството за здравство и Институтот за јавно здравје нема пречки за непречено започнување на полугодието, и покрај зголемената појава на грип. Јаневска апелираше до родителите и учениците да бидат редовни во наставата, истакнувајќи дека сите испитувања, и дома и во светот, покажуваат дека редовната посетеност на часовите води кон подобри образовни резултати. *фото Архива Преземањето содржини и фотографии од порталот RadovisNews.mk значи дека давате согласност на нaведените Услови Post navigation Денеска се празнува Св. Јован Крстител Системот „Безбеден град“ е пред официјално пуштање во функција