Градоначалникот на општина Радовиш Aцо Ристов, денес изврши прием на лицата кои за празникот Богојавление – Водици ги фатија светите крстови во населените места во општина Радовиш. Посакувајќи им многу здравје, среќа, бериќет и успеси на секое поле, Градоначалникот на лицата им подари паметни часовници. Наградени беа следните момчиња: Филип Глигоров од Раклиш, Столе Ристов од Ораовица, Тиме Димов од Подареш, Стојанче Цветков од Јаргулица, Александар Василев од Покрајчево, Давид Костадинов од Злеово и Давид Василев од Калугерица. Преземањето содржини и фотографии од порталот RadovisNews.mk значи дека давате согласност на нaведените Услови Post navigation ЧЕТВОРИЦА КРАДЦИ ВО РАДОВИШ, ФАТЕНИ НА ДЕЛО – ЕДНИОТ ОД НИВ БИЛ МАЛОЛЕТНИК СЛЕДУВА ПОСТУДЕНО ВРЕМЕ, СО ПОВРЕМЕНИ СЛАБИ ВРНЕЖИ ОД СНЕГ И ДОЖД