Детска градинка со капацитет за 50 деца, добива Конче. Последни подготовки за отпочнување со работа на објектот. За две и пол години инвестиравме во вкупно 43 градинки. Инвестициите продолжуваат со цел да постигнеме за 50% поголем опфат на деца во предучилишно образование – информираше Санела Шкријељ, замник министер на Министерството за труд и социјална политика, која беше во посета на Конче. Овде ќе бидат сместени околу 50 деца од предучилишна возраст, а исто така ќе се отворат и Центри за ран детски развој во повеќе населени места во општината. Грижата за децата е, и останува наш приоритет. – рече Градоначалникот на Конче, Благој Илиев. Инаку во Конче се гради и спортска сала која е во склоп на ОУ „Гоце Делчев“ во Конче, и е прва спортска сала која ќе биде изградена во општина Конче, со оваа спортска сала ќе се подобрат условите на младите во нивното спортувањето и изведување на наставата по физичко образование. Информираат од Општина Конче Post navigation ФК ПЛАЧКОВИЦА СО НОВО ИМЕ НА ТРЕНЕРСКАТА ПОЗИЦИЈА (Фото+Видео) ВОДИЦИ 2020 ВО РАДОВИШ, СТОЈАНЧЕ ВУЧКОВСКИ – повторно најсреќен тој го фати Светиот господов крст во Радовиш