Претседателот на Македонија Стево Пендаровски за денеска на пладне, закажа седница на националниот Совет за безбедност, на која, како што е соопштено, покрај редовните членови на Советот, е поканет и министерот за здравство, Венко Филипче. „На десеттата седница на Советот за безбедност ќе се разговара за актуелната ситуација со пандемијата на ковид-19 на територијата на Македонија и мерките и активностите на надлежните институции”, се вели во соопштението од кабинетот на претседателот Стево Пендаровски. Пред два дена премиерот Зоран Заев најави дека е можно да се разговара за воведување на полициски час кој би започнувал во 17 или во 18 часот, како мерка за намалување на ширењето на коронавирусот. Преземањето содржини и фотографии од порталот RadovisNews.mk значи дека давате согласност на нaведените Услови [metaslider id=”19490″] Post navigation ООУ „КРСТЕ ПЕТКОВ МИСИРКОВ“ ГО ОДБЕЛЕЖА СВОЈОТ ПАТРОН (фото) ОДРЖАНА 21. СЕДНИЦА НА СОВЕТОТ ЗА РАЗВОЈ НА ЈУГОИСТОЧНИОТ ПЛАНСКИ РЕГИОН