По повод 11 Октомври, Денот на народното востание, денес во Радовиш на споменикот на паднатите борци од НОВ беше положено свежо цвеќе и одадена почит кон загинатите од народно ослободителната војна. Свежо цвеќе положија Градоначалникот на општина Радовиш Герасим Конзулов со делегација од општина Радовиш, Делегација на Советот на општина Радовиш и Претседателката Викица Манолева, делегација на Сојузот на борците, делегација на СДСМ, ВМРО-ДПМНЕ и СДММ и делегација на Здружението на пензионери. Исто така свежо цвеќе беше положено и на споменикот на Ацо Караманов од делгација на Центарот за култура „Ацо Караманов“ и делегација на Сојузот на борците. Нека ни е честит 11-октомври – Денот на востанието Преземањето содржини и фотографии од порталот RadovisNews.mk значи дека давате согласност на нaведените Услови Post navigation КОРОНА СТАТИСТИКА: ВО РАДОВИШ АКТИВНИ 47 СЛУЧАИ – ДЕНЕС РЕКОРДНИ 386 ЗАРАЗЕНИ ОД КОВИД 19 ВО МАКЕДОНИЈА РАДОВИШ ЗАФАТЕН СО ПОРОЕН ДОЖД И НЕВРЕМЕ