Времето денеска ќе биде сончево и многу топло со слаб ветер претежно од источен правец. Минималната температура ќе биде помеѓу 12 и 21, а максималната ќе достигне од 31 до 39 степени. Во Радовиш се прогнозира денес да биде многу топло, со температура од 21 – 35 степени. Под влијание на топол бран утре и во среда максималните температури насекаде ќе бидат над 30, а на повеќе места ќе надминат и 35 степени. Од среда до петок во попладневите часови ќе има локален пороен дожд и грмежи. Зголемената влажност на воздухот ќе допринесе да се има чувство дека температурите се повисоки од измерените. АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево. Сообраќајот на државните патишта се одвива по суви коловози. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен. На граничните премини нема подолги задржувања за влез и излез од државата. Post navigation ФА „АЦО КАРАМАНОВ“ СО НАГРАДА ОД ФЕСТИВАЛОТ ВО БОСНА И ХЕРЦЕГОВИНА ЗАПОЧНА ПРИЈАВУВАЊЕТО ЗА СОЦИЈАЛНА ПЕНЗИЈА, МОЖНОСТ ЗА НАД 6.000 ГРАЃАНИ