Интензивно се одвиваат финалните градежни активности на новиот Градски пазар во Радовиш, кој во најскоро време се очекува да биде отворен и ставен во функција на граѓаните.

Во тек е гребењето на постојната асфалтна површина на пристапната обиколна улица, по што ќе следува нејзино асфалтирање. Истовремено, се привршува поплочувањето на површините околу пазарот, а се поставуваат и безбедносните рампи на катната гаража.

Денеска, градежните активности на терен ги проследија градоначалникот на Општина Радовиш, Љупче Почивалец, и претседателот на Советот на Општина Радовиш, Гоце Дединец, кои извршија обиколка на објектот и се запознаа со текот на завршните работи.

 

Со реализацијата на овој значаен инфраструктурен проект, Радовиш добива современ и функционален градски пазар, со подобри услови за трговците и посетителите, уреден пристап и обезбеден паркинг-простор.

Нов градски пазар – нови можности, подобри услови и современ лик на Радовиш – информираше Градоначалникот Љупче Почивалец

 


© RadovisNews.mk, правата за текстот се на редакцијата на информативниот портал.

 

Преземањето содржини и фотографии од порталот RadovisNews.mk значи дека давате согласност на нaведените Услови

 

 

 

 

 

error: Содржината е заштитена !!