Фокусирање на меѓународната поддршка и отворените јавни повици кои даваат можности за финансирање на капитални проекти. Една од тие можности е и програмата за прекугранична соработка со Република Бугарија 2021-2027. За таа цел Градоначалникот на општина Радовиш Ацо Ристов учествуваше на заедничката средба на градоначалници од југоисточниот регион на Македонија и западниот регион на Бугарија, која се одржа на 31 Март и 1 Април во Сандански, Бугарија. На средбата покрај градоначалниците учествуваа и високи претставници од Владите на двете земји како и други меѓународни претставници кои ја презентираа програмата и досегашните искуства од успешно реализирани проекти. Прекуграничната соработка е двигател на многу капитални проекти и општина Радовиш во тековниот период планира сериозни активности со оваа програма. Општина Радовиш Преземањето содржини и фотографии од порталот RadovisNews.mk значи дека давате согласност на нaведените Услови Post navigation ОПШТИНА РАДОВИШ СТАНА ДЕЛ ОД ПРОЕКТОТ ЗА ЗАЈАКНУВАЊЕ НА КАПАЦИТЕТИТЕ НА ЛОКАЛНИТЕ САМОУПРАВИ ЗА ИСКОРИСТУВАЊЕ НА РЕСУРСИТЕ. „ОДРЖЛИВА УРБАНА МОБИЛНОСТ“ ПРОЕКТ ЗА ПОВЕЌЕ КОРИСТЕЊЕ НА ВЕЛОСИПЕДИ