Се известуваат граѓаните од Југоисточниот плански регион дека тендерската постапка за избирање економски оператор кој ќе изврши прскање против комарци на територијата на Југоисточниот плански регион е веќе завршена и прскањето ќе започне на 14.06.2022 година. Воедно, се известуваат граѓаните дека поради техничките проблеми и нефункционирањето на системот за јавни набавки дојде до непланирано продолжување на тендерската постапка и поради тоа прскањето против комарци на територијата на Југоисточниот плански регион не можеше да биде започнато во планираниот временски период. Центар за развој на Југоисточниот плански регион *фото Архива Преземањето содржини и фотографии од порталот RadovisNews.mk значи дека давате согласност на нaведените Услови Post navigation АМСМ ПРЕПОРАЧУВА ПРИЛАГОДЕНА БРЗИНА НА ДВИЖЕЊЕ, ПОЧИТУВАЊЕ НА ПОСТАВЕНАТА СООБРАЌАЈНА СИГНАЛИЗАЦИЈА И ВНИМАТЕЛНО УПРАВУВАЊЕ СО ВОЗИЛАТА УЧЕНИЦИТЕ СО МНОГУ ПОВЕЌЕ МОЖНОСТИ ЗА ОБРАЗОВАНИЕ ВО СОУ „КОСТА СУСИНОВ“ ОД ОВАА ГОДИНА