Општина Радовиш објави дека започнува со обнова на градскиот стадион во Радовиш и поставување на ново фудбалско игралиште со вештачка трева. Со директна финансиска помош на компаниите, а во соработка и со Рудникот „Бучим“, во наредните месеци интензивно ќе се работи на оваа игралиште, притоа не попречувајќи го нормалното одвивање на самите тренинзи и натпреварувања. Паралелно работиме и на подобрување на условите на двојните тениски терени. Обновата на спортската инфраструктура е важен приоритет, пред се за младите генерации и за раѓање на нови спортски таленти кои ќе ја претставуваат нашата општина на национален и меѓународен план. Во наредниот период очекуваме поддршка и од Фудбалската федерација на Македонија и од Агенцијата за млади и спорт за подобрување на спортската инфраструктура со цел да ја докажеме важноста на спортувањето и квалитетен живот на младите. Информираат од Општина Радовиш Преземањето содржини и фотографии од порталот RadovisNews.mk значи дека давате согласност на нaведените Услови Post navigation ЗАПОЧНА МЕМОРИЈАЛЕНИОТ ТУРНИР ВО МАЛ ФУДБАЛ ВО ИЊЕВО ОРАОВИЧКА РЕКА ЌЕ БИДЕ УРЕДЕНА СО ПРИСТАПЕН КЕЈ И ПЕШАЧКИ ПАТЕКИ