Знамето на Исланд — сино знаме со црвен скандинавски крст и со бели ленти до рабовите на крстот. Знамето било усвоено на 17 јуни 1944 година кога Исланд станал независен. Првото знаме на Исланд било сино знаме со бел скандинавски крст. Државното знаме на Исланд е поразлично од цивилното знаме. Интересен факт е тоа што преку оваа знаме може да се пронајдат голем број на знамиња на држави кои со своите обележја ги имаат овие бои и црти. Исланд — островска држава во северниот дел на Атлантскиот Океан. Се наоѓа северозападно од Велика Британија, до самиот Северен Поларник (површина 102.819 км2; 322.000 жит). Карактеристични за Исланд се гејзерите и вулканите (Хекла, Кванаталсхнукир и Ерајвајекидл). На север од земјата се наоѓаат многубројни фјордови. Главен град е Рејкјавик. Преземањето содржини и фотографии од порталот RadovisNews.mk значи дека давате согласност на нaведените Услови Post navigation Општина Радовиш распиша Јавен Конкурс за распределба на средства од Буџетот на општина Радовиш на здруженија за 2025 година. Лице од Радовиш пробал да пренесе 6 мигранти од Непал и Индија, бегал од Полицијата и удрил во работна машина