Врз основа на известувањето бр.44-2282/24-1 од 10 април 2020 година, во врска со Зклучокот донесен на Дваесет и четвртиот состанок на Главниот координативен кризен штаб, одржан на 10 април 2020 година,во врска со спречување на внесување и ширење на Коронавирус COVID-19, кој гласи: – Општинските кризни штабови за заштита и спасување не смеат да издаваат дозволи за движење на лица за време на забраната и посебниот режим на движење територијата на Република Северна Македонија, односно барањата само да ги проследува до надлежните државни институции (Министерство за внатрешни работи и Министерство за информатичко оопштество и администрација). – Општинскиот штаб за заштита и спасување ги известува граѓаните на општина Радовиш следното: -Граѓаните кои имаат неопходна потреба за движење за време на забраната и посебниот режим на движење на територијата на општина Радовиш, а немаат регулирано досега дозволи за движење, да доставуваат барања до општина Радовиш, понатаму барањата ке бидат проследувани до Министерство за внатрешни работи и Министерство за информатичко општество и администрација. -Барањата да содржат: -лични податоци (име презиме, адреса, број на лична карта и матичен број) -опис на потребата за движење, -време на поаѓање и врќање (датум и час) -место на поаѓање и место на престој -Барањата да се доставуаат до општина Радовиш, прием на барања на портирница од 14.04.2020 година од 08,00 до 13,00 часот, заклучно со 16.04.2020 година Контакт телефон:075-493-196. Општински штаб за заштита и спасување, Командант Герасим Конзулов Post navigation РЕЗЕРВОАРОТ И ЦЕВКОВОДОТ ВО ЗАВРШНА ФАЗА – решавање на проблемот со водоснабдувањето пред летната сезона ПРИЈАВИ ЗА ЛИЦА КОИ НЕПОЧИТУВАЛЕ И ЈА ПРЕКРШИЛЕ ЗАБРАНАТА ЗА ДВИЖЕЊЕ