Во Општина Радовиш изминатите денови се изврши по втор пат „Ларвицидно третирање“ против комарци, и тоа во речните корита, водотеци и стојни води низ општината.

Теренското третирање против ларви од комарци, се вршеше со средство во вид на гранули кои се фрлаат во плитка застоена вода. Ова третирање не е штетно за луѓето, пчелите, ниту за домашните миленици.

Ова е општа мерка за заштита на населението од заразни болести е предвидена во Програмата на Општина Радовиш.
Општина Радовиш најавува дека ќе следуваат прскања против комарци, за кои пред реализирањето, граѓаните ќе бидат информирани.



 
                


 
                                     
                                     
                                     
                             
                             
                                                             
                                                             
                                                 
                                                 
                                                