Во Општина Радовиш изминатите денови се изврши по втор пат „Ларвицидно третирање“ против комарци, и тоа во речните корита, водотеци и стојни води низ општината. Теренското третирање против ларви од комарци, се вршеше со средство во вид на гранули кои се фрлаат во плитка застоена вода. Ова третирање не е штетно за луѓето, пчелите, ниту за домашните миленици. Ова е општа мерка за заштита на населението од заразни болести е предвидена во Програмата на Општина Радовиш. Општина Радовиш најавува дека ќе следуваат прскања против комарци, за кои пред реализирањето, граѓаните ќе бидат информирани. Post navigation РЕХАБИЛИТАЦИЈА И ОБНОВУВАЊЕ НА ВТОРАТА КОЛОВОЗНА ЛЕНТА НА БУЛЕВАРОТ АЛЕКСАНДАР МАКЕДОНСКИ (фото+видео) ПЛАТЕЖНАТА КАРТИЧКА ЌЕ СЕ ДОБИВА БЕЗ АПЛИЦИРАЊЕ-наскоро проверка на посебна страница