Центар за култура „Ацо Караманов„ Радовиш и Советот на 48 Караманови средби го распишаа Конкурсот за најдобра необјавена поетска книга и доделување на наградата „Караманов 2021″. Конкурсот трае до 10 Ноември 2021 година, а може да учествуваат автори од Македонија и од останатите балкански земји што пишуваат на македонски јазик. Ракописите не треба да бидат подолги од 64 страници или четири табаци, а се бара да бидат доставени под шифра на адреса ОУ Центар за култура „Ацо Караманов“ – Радовиш, ул. „22 Октомври“ б.б.Радовиш. Ракописите може да се доставуваат и во електронска форма потпишани со шифра, а со посебен маил да дадат и одговор на шифрата на адреса [email protected] На наградениот автор за награда ќе му биде објавeна книга со неговиот награден ракопис и ќе добие статуетка која го преставува Ацо Караманов. Линкот од објавениот конкурс за најдобра необјавена поетска книга „Караманов 2021“ Преземањето содржини и фотографии од порталот RadovisNews.mk значи дека давате согласност на нaведените Услови Post navigation ЗАЕВ ОД РАДОВИШ: МНОГУ Е ВАЖНО ДА СЕ ОБЕДИНИМЕ СИТЕ АЦО РИСТОВ” УБ15 СО ИНФРАСТРУКТУРНО РЕШЕНИЕ, ИЗГРАДБА НА УЛИЦА НАД „ВИДОЕ СМИЛЕВСКИ БАТО“