Синоќа беше крајниот рок за поднесување до Државната изборна комисија  (ДИК) на кандидатски листи за предвремените парламентарни избори на 12 април.

Листи поднесоа СДСМ и Беса, коалицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ, ДУИ, Левица, Интегра, СДУ, Работничката партија, ГДУ, Глас за Македонија, партијата Демократи, новата партија Твоја, коалицијата Никогаш Северна само Македонија…

ДИК денеска ќе ги соопшти коалициите и партии поднеле кандидатски листи и за колку изборни единици, како и дали и како ќе се организира гласање во дијаспората. 

Редоследот на листите на партиите и коалициите на избирачкото ливче се утврдува со ждрепка и тој број е ист во сите изборни единици. Жрепката треба да се одржи најдоцна до 20 март, а листите треба да бидат официјално објавени на 21 март.

Изборната кампања започнува на 23 март, а завршува на 10 април на полноќ.

 




 

error: Содржината е заштитена !!