Крводарителската акција ќе се одржи на ден 04.02.2019 година (Вторник) од 10.00 до 14:00 часот, а ја организира Општинската организација на Црвен крст Радовиш заедно со Институтот за трансфузиона медицина. Акцијата ќе се одвива во Конче. Факти за крводарувањето: -Дарувањето на крв е доброволно, анонимно и бесплатно. -Крводарител може да биде секоја здрава личност од 18-65 години. -Жените можат да даруваат крв на секои 4 месеци, додека мажите на секои 3. -Дарувањето крв не е болно, не создава навика и не му штети на организмот. -Пред секое дарување крв се врши лекарски преглед. -Дарувањето крв е корисно со тоа што ќе го проверите вашето здравје. -На крводарителите како почитувани членови во општеството, Црвен крст им доделува признанија. -Со 10 дарувања на крв, секој крводарител е ослобооден од плаќање на сите видови болничка партиципација Post navigation СОВЕТОТ НА ОПШТИНА РАДОВИШ ЈА ОДРЖА 38-ТА РАБОТНА СЕДНИЦА ДИСЕМИНАЦИСКА СЕСИЈА ЗА УЧЕНИЦИТЕ ВО ООУ „КРСТЕ ПЕТКОВ МИСИРКОВ”