Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција поднесе обвинителен предлог против едно лице за сторено кривично дело – Криумчарење мигранти, информираат од Јавното обвинителство. Обвинетиот на 26 февруари 2020 година на претходно договорено место во близина на македонско -грчката граница, според Јавното обвинителство прифатил 36 мигранти од Авганистан и четири мигранти од Пакистан. Мигрантите ги сместил во товарно моторно возило „пежо“ и започнал да ги превезува кон Куманово по меѓународниот пат А-2 во правец од Радовиш кон Штип. Кај Неготино возилото било забележано од полициските службеници кои со светлосен сигнал му дале знак да запре, но обвинетиот продолжил да се движи кон Штип, а полициските службеници тргнале по него. Кај село Лакавица обвинетиот го запрел возилото и бил лишен од слобода. Во возилото кое неколку дена претходно било пријавено за украдено биле пронајдени четириесетте мигранти, – истакнуваат од Јавното обвинителство. Ценејќи дека се исполнети условите надлежниот обвинител заедно со обвинителниот предлог достави и предлог мерката притвор определена од Судија на претходна постапка да биде продолжена. Post navigation НОЌЕСКА БЕА НАМАЛЕНИ НАФТЕНИТЕ ДЕРИВАТИ КОЛЕ ЧАРАКЧИЕВ, КАНДИДАТ ЗА ПРАТЕНИК ОД РАДОВИШ НА ЛИСТАТА НА СДСМ