Левица со гордост го претставува новиот бран кандидати за градоначалници на локалните избори 2025 година. Станува збор за вистинските луѓе, со интегритет и длабоки врски со своите заедници, кои ја споделуваат визијата за чесна, транспарентна и праведна локална самоуправа – се вели во соопштението од Левица. Кандидатите на Левица се: Гевгелија – Тони Аврамов, професор по македонски јазик Куманово – Мирослав Петковиќ, актер и м-р по сценско-изведувачки уметности Македонски Брод – Марјан Ѓурчески, магистер по фармација Крушево – Зоран Јаневски, дипломиран сообраќаен инженер Кочани – Жаклина Филипова-Свеќаровска, професор по македонски јазик и литература, член на Советот на Општина Кочани Илинден – Мартин Маринковски, пензионер и поранешен командир и лидер на тим од Воената академија „Генерал Михајло Апостолски“ Пехчево – Невенка Тренчевска, инженер за животна средина Берово – Мирче Кировски, доктор по ветеринарна медицина Ранковце – Иван Нешевски, дипломиран едукатор по семејни студии Старо Нагоричане – Андреј Димитријевски, ветеринарен техничар, сопственик на сточарска фарма Со оваа група на кандидати, Левица покажува дека вистинската сила доаѓа од народот – од луѓето кои ја познаваат својата средина, кои се дел од секојдневниот живот на граѓаните и се подготвени да работат чесно и одговорно. Левица останува доследна на својата борба против корупцијата, непотизмот и расипничкото трошење на јавните пари. Нашите кандидати се луѓе кои ќе ја вратат локалната самоуправа во рацете на граѓаните. – информираат од Левица. Преземањето содржини и фотографии од порталот RadovisNews.mk значи дека давате согласност на нaведените Услови Post navigation Денешен ден 13 Септември… Денеска е последен ден за поднесување кандидатури за градоначалници и членови на совет