Многу топло и сончево време со мала локална облачност ќе преовладува денеска во Радовиш. Максималните дневни температури на воздухот ќе се искачуваат во интервалот од 29 до 33 степени што е знак дека летото конечно стаса на нашето подрачје. И во останатиот дел од Македонија исто така, ќе биде сончево и многу топло со мала локална облачност. Во попладневните часови на планинските места ќе има услови за локален краткотраен дожд и грмежи. УХМР известува дека денес ќе биде сончево и многу топло со мала локална облачост. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 12 до 20, а максималната ќе достигне од 30 до 38 степени. УВ=9 Утре и во среда ќе имаме претежно стабилно и многу топло време со максимални дневни температури кој ќе се искачуваат во интервалот од 29 до 38 степени. Преземањето содржини и фотографии од порталот RadovisNews.mk значи дека давате согласност на нaведените Услови за користење Post navigation СИНОЌА КАЈ КЛУЧКАТА ПРЕД РАДОВИШ ПРОНАЈДЕНИ 17 МИГРАНТИ ПОДИГАЊЕ НА СМЕТ ОД КОНТЕЈНЕРИТЕ НА ПЛАНИНАТА ПЛАЧКОВИЦА