Црвен крст на Република Македонија- Општинска организација Радовиш успешно ја спроведе првата обука за лични асистенти на лица со попреченост. Оваа обука беше спроведена по Одлука на Раководен одбор, со самофинансирање, 9 лица во период од март- јуни 2023 година ја следеа истата. Кандидатите кои успешно го положија финалниот испит се стекнаа со теоретски и практични знаења од областа на личната асистенција на лица со попреченост како и психосоцијална поддршка, за што на ден 03.08.2023 им беа доделени и сертификати. Се надеваме дека ќе го олесниме животот на лицата со попреченост. Црвен крст на Република Македонија- Општинска организација Радовиш Преземањето содржини и фотографии од порталот RadovisNews.mk значи дека давате согласност на нaведените Услови за користење Post navigation РЕКОРДНА ПОСЕТЕНОСТ НА ОВОГОДИШНИОТ ТУРНИР ВО МАЛ ФУДБАЛ „ОРАОВИЦА 2023“ ДЕНЕС ЌЕ СЕ ОДРЖИ ОРГАНИЗИРАНА КРВОДАРИТЕЛСКА АКЦИЈА