Се вели дека во рајот постоеле две дрва – смоква и маслинка. Смоквата претставува „дрво на вистината“, а маслинката „дрво на животот“. Маслинката симболизира здравје, победа, успех, мудрост, интелигенција, чистота и многу други човекови вредонсти. Уште од античко доба, дрвото на маслинката се користело за гориво и материјали, додека полодот се користел како лек против многу болести. Маслинките се вид на овошје и плод на дрвото Olea Europaea. Дрвото рате на карпесто земјиште и има потреба од балансирана клима без многу нагли промени, поденсува суша, но не и ниски температури. Одлично успева во топлите предели на Медитеранот, покрај море и највеќе до 400 м надморска висина. Маслиновото дрво цвета во мај и јуни, а овошјето созрева од октомври до февруари, во зависност од климатските услови. Маслиновото дрво е познато по својата долговечност. Плодот на маслинакта се јаде природно и се користи исцедено како маслиново масло. Дрвото на маслинката, првите седум години од засадувањето не раѓа плодови, додека најголем рода дава дури по 20 години. По 150 години родот се смалува, а по 200 години на местото на старото стебло изникунуваат нови млади стебла. Незрелите, светлозелени плодови содржат 15-35% масло кое е најдобро за користење во исхраната, додека за масло се користат комплетно зрелите плодови на маслинката со темно виолетова боја. Од 20 кг маслинки се добива 3-5 литри на масло. Маслиново масло пак, добиено со ладно цедење се вика девствено масло и на секоја декларација на производот мора да биде наведена технологија на цедењето. На луѓето кои живеат во медитеранските предели, маслиновото масло им служи како додаток во исхраната, лек и козметички еликсир. Поради карактеристичните својства, маслото преставува природен конзерванс за рибата и сирењето, бидејќи чувани во масло, може да останат употребливи и до една година. Маслинките се добар извор на незаситени масни киселини и витамин E. Маслиновото масло го штити добриот холестерол (HDL), а го намалува нивото на лошиот холестерол (LDL) и помага во лекувањето на кардиоваскуларните заболувања, дијабетес и болести на дигестивниот систем. Маслиновото масло и маслинките може да се конзумираат како превенција или како лек и тајна за здравјето и долговечноста. Post navigation Радовишки марифети: ТУРЛИ ТАВА Тестенините го намалуват индексот на телесна маса…