Според резултатите од неодамнешната студија спроведена од италијанскиот Институт Neuromed, тестенината, покрај тоа што ве прави потенки, исто така го намалува индексот на телесна маса (BMI). Студијата вклучила 23.000 Италијанци и Италијанки на возраст од 18 години и ги следела нивните навики во исхраната. Врската помеѓу честата консумација на тестенини и прекумерната тежина не е пронајдена. Наместо тоа, научниците дошле до заклучок дека луѓето што јадат често тестенини, имаат понизок индекс на телесна маса, помала половина и колкови од оние кои ретко јадат тестенини. Сепак, според италијанските студии, Италијаните кои сакаат да јадат тестенина и често ја консумираат, тие повеќе се насочени кон медитеранската исхрана. Имено, тие се потпираат на добрите масти, како маслиновото масло и јадат многу зеленчук и производи од цели зрна. Факт е дека Италијаните претпочитаат тестенини како предјадење, што значи дека нејзината консумација е ограничена на помали количини. Како главни оброци, тие избираат полесни намирници, а оброкот го завршуваат со салата. На крајот на краиштата, најважно е да се држиме до основните и единствените правила – консумирај сè, но по малку и во умерена количина. Не се откажувајте од шпагети, ригатони или макарони, но внимавајте да ја консумирате и останатата лесна и разновидна храна. Прекрасни макарони со многу зеленчук Потребни состојки: 450 г вртени макарони 1 црвена пиперка 150 г брокула 150 г свежи шампињони 5 чешниња лук микс од зачини сол црн пипер 25 г пармезан маслиново масло Начин на подготовка: 1. Сварете ги макароните. 2. Во меѓувреме, измијте ја и исечкајте ја пиперката. 3. Исечете ја брокулата на мали цветови. Оставете ги цветовите во солена топла вода 5 минути, па тоа извадете ги и оставете ги врз крпа да се исцедат. 4. Измијте ги печурките во сад со ладна вода. Извадете ги од водата и нив оставете ги да се исушат. Потоа исечете ги на ситни парчиња. 5. Исечкајте го лукот на тенки парчиња. 6. Загрејте тавче на средна топлина. Во него додадете маслиново масло и лукот. Пржете додека лукот не омекне. 7. Пред лукот да стане кафеав, додадете ги печурките. Пржете ги печурките додека не добијат кафена боја и додека не се подисушат. 8. Потоа додадете ја пиперката и ставете сол по вкус. 9. На крај додадете ја брокулата. Не пржете ја премногу. 10. Потоа додадете ги сите зачини. 11. Тргнете го тавчето од оган и претурете го пржениот зеленчук во еден сад. 12. Во истиот сад ставете ги макароните, додадете малку маслиново масло и убаво измешајте ги. 13. Потоа истурете поголемо количество пармезан и измешајте повторно. 14. Сервирајте ги топли или ладни, со пармезан одозгора. Преземањето содржини и фотографии од порталот RadovisNews.mk значи дека давате согласност на нaведените Услови [metaslider id=”19966″] Post navigation МАСЛИНКА -антички плод кој гарантира здравје АЈДУЧКА ТРЕВА-чудо од билка