Градоначалникот Љупче Почивалец денеска имаше прием за младите каратисти од Карате клубот „Феникс“ од Радовиш, кои во изминатиот период остварија значајни успеси и достојно го претставија нашиот град. Младите спортисти забележаа успешни настапи на традиционалниот европски кадетско-детски карате турнир „Лорд Куп“, а истовремено покажаа одлични резултати и на последното полагање за појаси. Со својот труд, дисциплина и посветеност, сите покажаа значителен напредок во техниката и спортскиот дух, заслужено стекнувајќи се со повисоки карате звања. Градоначалникот им честиташе за постигнатите успеси и им посака уште многу спортски достигнувања во иднина, истакнувајќи дека тие се вистински амбасадори на Радовиш. Честитки до нашите вредни и талентирани деца, до тренерите за нивната посветена работа и огромна благодарност до родителите за безрезервната поддршка што им ја даваат на младите спортисти. Продолжете да нè правите горди! – истакна Градоначалникот Почивалец за време на денешниот прием на младите каратисти. © RadovisNews.mk, правата за текстот се на редакцијата на информативниот портал. Преземањето содржини и фотографии од порталот RadovisNews.mk значи дека давате согласност на нaведените Услови Post navigation Aктуелните предизвици со кои се соочуваат општините – Градоначалникот Почивалец на Генералното собрание на ЗЕЛС… Почна уписот во средните училишта за учебната 2026/2027