Во Општина Радовиш се одржа работен состанок помеѓу претставници на Општина Радовиш, Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство и Организацијата за храна и земјоделство на Обединетите нации (ФАО). На состанокот се разговараше за можностите за соработка и координација на активностите поврзани со новиот проект „Јакнење на климатската отпорност на земјоделството и системите за наводнување во полу-сушните региони во Пелагонија и Југоисточна Македонија“, кој се подготвува со поддршка од Зелениот климатски фонд. Во рамки на предложените активности, за Радовишкиот регион се предвидуваат значајни инвестиции за модернизација на системот за наводнување во Радовишко Поле, подобрување на земјоделската инфраструктура преку консолидација на земјиштето, како и поддршка на земјоделците за примена на современи, ефикасни и климатски отпорни земјоделски практики. Заедничката цел на сите вклучени институции е да се обезбеди поодржливо управување со водните ресурси, зголемена отпорност на климатските промени и создавање подобри услови за развој и унапредување на земјоделството во Општина Радовиш. Општина Радовиш останува посветена на поддршката на земјоделскиот сектор преку реализација на проекти кои придонесуваат за одржлив развој, поголема конкурентност и подобар квалитет на живот за земјоделците и локалното население. © RadovisNews.mk, правата за текстот се на редакцијата на информативниот портал. Преземањето содржини и фотографии од порталот RadovisNews.mk значи дека давате согласност на нaведените Услови Post navigation Младите каратисти од Карате клубот „Феникс“ со значајни успеси и достојно го претставија нашиот град Почна уписот во средните училишта за учебната 2026/2027