Кој пробал знае – Модриот патлиџан во тегла за зимница има многу посебен вкус. Како и секој друг рецепт за зимница, почнувајќи од пиперките на 100 начини, руските салати и туршиите, така и модриот патлиџан во саламура е традиција во нашите радовишки марифети. ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ: 3 кг модар патлицан 1 литар вински оцет 1 литар вода 80 г шеќер 80 г сол црн пипер во зрно лук, магдонос и масло за теглите ПОСТАПКА: Модриот патлиџан се мие и се сече на тркалца или половинки, се посолува и се остава да отстои 2-3 часа. Во тенџере се става 1 литар вински оцет, 1 литар вода, 80 г шеќер, 80 г сол и црн пипер во зрно, па се става на оган да зоврие. Модриот патлиџан се става во ова солило да се вари 5 минути, а потоа со решеткаста лажица се вади и се реди во тегли. Некои наши сограѓани го попржуваат во тава и истата постапка се става во тегли и истите состојки. Преземањето содржини и фотографии од порталот RadovisNews.mk значи дека давате согласност на нaведените Услови Post navigation ДЕНЕС ПРОМЕНЛИВО ОБЛАЧНО И НЕСТАБИЛНО СО МОЖНОСТ ЗА ЛОКАЛЕН ПОРОЕН ДОЖД БЕНЗИНИТЕ ПОЕВТИНИ, ДИЗЕЛОТ ПОСКАПЕ