Пожарната единица од Радовиш доби донација на противпожарна опрема од страна на НАТО контингентот преку Американската амбасада во Скопје. Противпожарни шлемови, гумени чизми, сет алати (секира, јаже,клешти, пила и др.), противпожарни огноотпорни одела (скафандери), балаклави и носачи за белодробен апарат со маска се дел од опремата која ја добија нашите пожарникари ТППЕ Радовиш е дел од неколкуте противпожарни единици, кои беа опфатени со донација на техничка опрема од НАТО контингентот, со цел помагање на единиците во однос на опременоста за ефикасното извршување на интервенциите. Информираат од ТППЕ Радовиш Преземањето содржини и фотографии од порталот RadovisNews.mk значи дека давате согласност на нaведените Услови Post navigation УШТЕ ЕДНА ФОТОВОЛТАИЧНА ЦЕНТРАЛА ПРЕКУ ПРОЕКТОТ „ЕНЕРГЕТСКИ ЕФИКАСЕН РЕГИОН“ РАДОВИШАНЕЦ СО ПЕНЗИЈА ОД НАД МИЛИОН ДЕНАРИ… ВО ТОП 10 ЛИСТАТА НАЈДОБРО ПЛАТЕНИ ПЕНЗИОНЕРИ…..