Средношолската унија при СОУ „Коста Сусинов“ – Радовиш распишува натпревар во ораторство за сите ученици од I до IV година и за учениците од IX одделение од Општина Радовиш и Општина Конче Целта на овој натпревар е да им овозможи на учениците да ги подобрат своите ораторски способности преку учество во активности што придонесуваат за развивање на говорничките способности. ПРАВИЛА – На натпреварот можат да учествуваат сите ученици од СОУ „Коста Сусинов“ – Радовиш, како и учениците од IX одделение од сите основни училишта. – Секој учесник на натпреварот треба да го испрати својот подготвен говор најдоцна до 10.12.2024 година во електронска форма на е-маил [email protected]. ОРГАНИЗАЦИЈА 1.Говор Секој учесник на натпреварот ќе има задача да подготви говор на одредена тема поврзана со личните ставови и интереси. Говорот треба да биде разбирлив за пошироката публика, јасен, прецизен, едноставен, добро структуриран. Нема да биде дозволено користење на дополнителни технички средства и материјали. Додека зборува, учесникот ќе може да користи белешки. При користењето на истите мора да внимава да не се наруши ефикасноста на говорот. 2. Временски лимит Говорот не смее да биде пократок од 4 минути ниту подолг од 6 минути. За секое пречекорување на времето ќе се одземаат поени. За мерење на времето ќе се грижи лице назначено од организаторот на натпреварот. Натпреварувачот нема да биде информиран за времето. 2. Оценување Оценувањето ќе го вршат тројца судии, кои можат да седат на различни места во просторијата. Секој судија индивидуално ги оценува учесниците. Ќе се оценува содржината и композицијата на подготвениот говор, како и неговата изведба. Во случај на еднаков број бодови на повеќе натпреварувачи, за победник ќе биде прогласен оној кој има освоено повеќе поени за општ впечаток. МЛАДИ ОРАТОРИ, ВЕ ОЧЕКУВАМЕ! Средношолска унија при СОУ „Коста Сусинов“ Преземањето содржини и фотографии од порталот RadovisNews.mk значи дека давате согласност на нaведените Услови Post navigation За време на викендот ќе продолжи врнежливо време, од понеделник постудено… Информација за сите возачи дека започна периодот на задолжително носење зимска опрема во возилата