Студено утро ја разбуди земјата, со минимални температури кои на поединечни места се спуштија и под нулата. Најниски -1 степен Целзиусов се измерени во Маврови Анови, Лазарополе и Пожар. Нулата ја бележат Пожаране и Крушево, додека 1 степен регистрираа Крива Паланка. Температура од 2 степени имаше во Претор, Охрид, Тополчани, Куманово и Виница. Утрински 3 степени измерија Тетово, Штип, Прилеп, Берово и Скопје – Зајчев Рид, а 4 степени Битола, Велес, Кавадарци, Струмица, Демир Капија и Скопје – Петровец. Највисока минимална температура од 5 степени утрово беше забележана во Гевгелија. Во изминатите 24 часа до 7 часот наутро, на повеќе локации беа измерени значителни врнежи. Најмногу дожд падна во Демир Капија – 40 литри на метар квадратен, следена од Радовиш со 37 и Гевгелија со 35 литри. Во Штип се измерени 28, во Струмица 19, а во Виница 16 литри. Куманово бележи 15 литри, Кавадарци и Крива Паланка по 13, Попова Шапка 12, Претор 11, а Маврови Анови и Скопје – Петровец по 10 литри. Помали количини дожд се измерени во Берово, Лазарополе, Велес, Пожаране, Битола, Тетово, Крушево, Прилеп и само 1 литар во Скопје – Зајчев Рид и Тополчани. Според прогнозата, денеска времето ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. На планините и во повисоките места е можно повремено провејување слаб снег. Преземањето содржини и фотографии од порталот RadovisNews.mk значи дека давате согласност на нaведените Услови Post navigation Денот кога е родена Југославија! Свлечиште на регионалниот пат Радовиш-Конче