Советничката листа на ТДП за претстојните локални избори се состои од млади личности, пред се студенти и личности докажани и со поддршка од населените места кои потекнуваат. Носител на оваа листа е Селман Јусуф – информираат од ТДП Радовиш.

Како што беше претходно објавено од носителот Јусуф, целта за неговата кандидатура е да им се овозможи подобри услови за живот на граѓаните од Радовиш и околните села, на Турците и Македонците, да се изнајдат решенија за проблемите и да придонесат за развојот на нашиот град.

За иднината на Радовиш, со ваша поддршка, ветувам дека во Советот ќе го дадам најдоброто од себе. Заедно за посилен и поубав Радовиш и околните села – информираше Селман Јусуф

 


 

Преземањето содржини и фотографии од порталот RadovisNews.mk значи дека давате согласност на нaведените Услови


 

error: Содржината е заштитена !!