Објавен е нов јавен повик во рамките на Оперативниот план за вработување, наменет за финансиска поддршка при креирање нови работни места во микро, мали и средни претпријатија, социјални претпријатија и граѓански организации. Станува збор за подмерката „Вработување и раст на правни субјекти“, преку која работодавачите ќе добијат финансиска поддршка за вработување невработени лица, со цел поттикнување на економскиот развој и намалување на невработеноста. Според условите на јавниот повик, една компанија може да добие поддршка за вработување на најмногу пет лица, при што финансиската поддршка изнесува од 800.000 до 1.250.000 денари, во зависност од бројот на одобрените вработувања и целната група на лица. Најголем износ на поддршка е предвиден за вработување на млади лица до 29 години, за кои работодавачите можат да добијат 250.000 денари по вработено лице. Со оваа мерка е предвидено да бидат опфатени 1.385 лица, а вкупниот буџет изнесува 332.650.000 денари, односно околу 5,4 милиони евра. Заинтересираните работодавачи можат да ги поднесат своите апликации најдоцна до 24 јули 2026 година. Дополнителни информации за јавниот повик можат да се добијат во работните клубови при Центрите за вработување, на телефон 02/3111-850, како и на веб-страницата на Агенцијата за вработување. © RadovisNews.mk, правата за текстот се на редакцијата на информативниот портал. Преземањето содржини и фотографии од порталот RadovisNews.mk значи дека давате согласност на нaведените Услови Post navigation Радовиш на 17 и 18 јули ќе биде центар на винската култура и добрата забава со одржувањето на манифестацијата „Радовишки вински двор“ Фудбалските љубители вечерва ги очекува вистински спектакл на Светското првенство