РАДОВИШ ЌЕ БИДЕ ДОМАЌИН НА „РАДОВИШКИ ВИНСКИ ДВОР“ – ДВА ДЕНА ВИНО, МУЗИКА И НЕЗАБОРАВНА АТМОСФЕРА

Радовиш на 17 и 18 јули ќе биде центар на винската култура и добрата забава со одржувањето на манифестацијата „Радовишки вински двор“, која ќе се одржи на плоштадот „Св. Спасо Радовишки“.

Посетителите ќе имаат можност да уживаат во богат избор на врвни македонски вина, дегустации од познати винарии, гастрономски специјалитети и богата музичка програма, која ќе понуди незаборавна атмосфера во текот на двата фестивалски дена.

Првата фестивалска вечер, на 17 јули (петок), ќе настапат Викторија Бенд, Куку Леле и Пауза за Ракија, додека на 18 јули (сабота) публиката ќе ужива во настапите на Троја – Tribute to Riblja Čorba, Суперхикс и DJ Карлито.

Организаторите ги покануваат сите љубители на доброто вино, музиката и дружењето да бидат дел од оваа единствена манифестација, која има за цел да ја промовира македонската винска традиција, локалната гастрономија и препознатливото радовишко гостопримство.

Радовишки вински двор“ ветува уште едно незаборавно издание, исполнето со позитивна енергија, одлична музика и врвни вина, создавајќи нова традиција која ќе го збогати културно-туристичкиот живот на градот.

Влезот за сите посетители е слободен. 🍷🎶


© RadovisNews.mk, правата за текстот се на редакцијата на информативниот портал.

 

Преземањето содржини и фотографии од порталот RadovisNews.mk значи дека давате согласност на нaведените Услови

 

 

 

 

 

 

 

error: Содржината е заштитена !!