Општина Радовиш распиша оглас за предлагање на кандидати за избор на спортист, спортска екипа и тренер за 2024 год. како и за спортски работник за повеќегодишна работа Во објавениот ОГЛАС се вели: Комисијата за култура, образование и спорт ги повикува сите спортисти и спортски екипи од општина Радовиш, кои имаат остварено спортски успеси во текот на 2024 година, да пријават кандидати на Јавниот оглас. Рокот за доставување на пријавите е 10 (десет) дена од денот на објавувањето на Јавниот оглас, заклучно со 03.02.2025 год. Пријавите се поднесуваат на адреса: ЕЛС општина Радовиш Комисија за култура, образование и спорт, Бул. „Александар Македонски“ бр. 7, 2420 Радовиш, Или директно во архивата на ЕЛС општина Радовиш Со назнака : За избор на спортист на годината Преземањето содржини и фотографии од порталот RadovisNews.mk значи дека давате согласност на нaведените Услови Post navigation Уметнички слики од Друштвото на ликовни уметници „РАДА ДЛУР“ доделени на Општина Радовиш Наградени лицата кои за празникот Богојавление-Водици ги фатија Светите Крстови во населените места