На 30.01.2022 во периодот од 04.00 до 08.00 часот на подрачјето на Секторот за внатрешни работи Струмица, полициски службеници во координација со вработени во Јавно претпријатие „Национални шуми“ и Шумска полиција спровеле акциска контрола за санкционирање на кривични дела и прекршоци од Законот за оружје, Законот за ловство, Кривичниот законик и други.

Контролата била спроведена на повеќе локации на подрачјата на Струмица, Радовиш, Гегелија и Валандово.

На подрачјето на Радовиш биле констатирани едно кривично дело „недозволено изработување, држење и тргување со оружје и распрскувачки материи“ по член 396 од Кривичниот законик, два прекршоци од Закон за оружје и еден прекршок од Закон за прекршоците против јавниот ред и мир, при што биле одземени 2 ловечки пушки и 15 ловечки патрони калибар 12 мм.

По документирање на случаите против лицата ќе бидат поднесени соодветни пријави.

 

Извор: СВР Струмица

 

*фото Архива


Преземањето содржини и фотографии од порталот RadovisNews.mk значи дека давате согласност на нaведените Услови


error: Содржината е заштитена !!