Во Центарот за културата „Ацо Караманов“ во Радовиш вчера на 29 октомври 2023 година, беше одржана свечена прослава по повод Денот на Републиката Турција. . ️ Програмата започна со говор на Енвер Усеинов, претседател на Здружението на Турци од Источна Македонија, а потоа продолжи и членот на Советот на општината Радовиш Енис Омер. Подоцна заменик министерот за труд и социјална политика Енвер Хусеин имаше говор по повод големиот празник. На оваа прослава говори одржаа и градоначалник Ацо Ристов и градоначалникот на Конче, Златко Ристов и претседател на ТДП Бејчан Илијас. Подоцна прославата продолжи со забавна програма. Оваа прослава беше во организација на Турците на источна Македонија по повод Денот на републиката – Турција кој беше прогласен на 29 октомври 1923 година, по победата во националната борба заедно со Ататурк. Републиканскиот систем во Турција е воведен на 23 април 1920 година, кога е формирано Големото национално собрание, кое ја одзема политичката власта на султанот, но Републиката официјално е прогласена од страна на Ататурк на 29 октомври три години подоцна. По официјалното прогласување на Република Турција на 29 октомври 1923 година, Ататурк е избран за прв турски претседател. Преземањето содржини и фотографии од порталот RadovisNews.mk значи дека давате согласност на нaведените Услови Post navigation ОГЛАС ЗА ВРАБОТУВАЊЕ ОД РУДНИКОТ БУЧИМ ОДЗЕМЕНИ ДРВА И ТРАКТОР СО ПРИКОЛКА ВО АКЦИЈАТА СО БЕСПРАВНО ИСЕЧЕНИ ОГРЕВНИ ДРВА