Денес се одржа 16. седница на Советот на Општина Радовиш, со дневен ред составен од вкупно 38 точки. Со седницата претседаваше претседателот на Советот, Гоце Дединец. На почетокот на седницата имаше советнички прашања, при што советниците имаа можност да постават прашања од интерес за граѓаните, а на истите одговори даде градоначалникот Љупче Почивалец. Во текот на седницата беа разгледани и усвоени голем број предлог-програми, предлог-одлуки и предлог-заклучоци од значење за функционирањето и развојот на општината. Меѓу поважните точки, Советот донесе Одлука за измена на Одлуката за извршување на Буџетот на Општина Радовиш, како и Одлука за измена и дополнување на Буџетот на Општина Радовиш, со што се создаваат услови за поефикасна реализација на планираните активности и проекти. На седницата беа усвоени и повеќе одлуки и програми од различни области, насочени кон унапредување на услугите, подобрување на условите за живот и обезбедување континуиран развој на Општина Радовиш. Општина Радовиш останува посветена на транспарентно, одговорно и ефикасно работење во интерес на сите граѓани. © RadovisNews.mk, правата за текстот се на редакцијата на информативниот портал. Преземањето содржини и фотографии од порталот RadovisNews.mk значи дека давате согласност на нaведените Услови Post navigation Соопштение до јавноста од ДПТУ „Бучим“ за преземените активности поврзани со барањата на жителите на с. Тополница Дипломи и насмевки на последниот тренинг – РК Радовиш им посака среќен распуст на најмладите ракометарчиња