Во насока на транспарентна и отворена комуникација со локалното население, ДПТУ „Бучим“ ДООЕЛ Радовиш ја информира јавноста за преземените активности поврзани со барањата на жителите на с. Тополница.

По одржаниот состанок на 16.06.2026 година, на кој дел од жителите на с. Тополница побараа можност за директен разговор со стручно лице кое учествувало во изработката на проектната документација, ДПТУ „Бучим“ ДООЕЛ Радовиш веднаш пристапи кон организација на таква средба.

Средбата беше закажана за 17.06.2026 година, со почеток во 11:30 часот, во с. Тополница, со цел жителите непосредно да постават прашања, да добијат стручни појаснувања и да се информираат за прашањата од нивен интерес поврзани со проектот за стабилизација на браната.

Во текот на вчерашниот ден, во вечерните часови, откако средбата со стручно лице веќе беше организирана согласно претходно изразеното барање на дел од жителите, ДПТУ „Бучим“ ДООЕЛ Радовиш беше известен дека жителите не се во можност да присуствуваат на средбата закажана за 17.06.2026 година и дека бараат разговорот да се реализира во понеделник, во 20:00 часот.

И покрај тоа, ДПТУ „Бучим“ ДООЕЛ Радовиш остана доследен на претходно закажаниот термин и обезбеди присуство на стручно лице, со цел да биде достапно за евентуални прашања од заинтересираните жители. На денешната средба не присуствуваа жители кои би поставиле прашања или би побарале дополнителни појаснувања. Проф. д-р Љупчо Петковски е универзитетски професор на Градежниот факултет при УКИМ во Скопје, со долгогодишно академско и стручно искуство во областа на хидротехничките објекти, хидротехничките конструкции, хидроенергетиката и водостопанските системи. Неговата експертиза е релевантна за прашања поврзани со проектирање, анализа и безбедност на хидротехнички објекти, вклучително и брани.

ДПТУ „Бучим“ ДООЕЛ Радовиш останува целосно отворен за комуникација, дијалог и разјаснување на сите прашања поврзани со проектот за стабилизација на браната.

Со цел сите прашања да бидат соодветно разгледани и одговорени од стручно лице, жителите можат да ги достават своите прашања во писмена форма најдоцна до вторник, 23.06.2026 година, по пошта или електронски, на е-адресата: [email protected]. Доставените прашања ќе бидат проследени до професорот за стручен одговор, а одговорите ќе бидат обезбедени во рок од четири работни дена од денот на нивното доставување.

ДПТУ „Бучим“ ДООЕЛ Радовиш останува посветен на транспарентност, одговорно работење и коректна соработка со локалната заедница.

 

 


© RadovisNews.mk, правата за текстот се на редакцијата на информативниот портал.

 

Преземањето содржини и фотографии од порталот RadovisNews.mk значи дека давате согласност на нaведените Услови

 

 

 

error: Содржината е заштитена !!