На седницата беше разгледана и усвоена Одлуката за прифаќање на донација на противпожарно возило од Здружението „ИЗВЕДЕН ОРАОВИЦА ДИЈАСПОРА“ од Швајцарија, наменето за потребите на Територијалната противпожарна единица – Радовиш.

Особено значајно е што, покрај обезбедувањето на противпожарното возило, Здружението ги обезбеди и целосните средства за негов транспорт од Швајцарија до Радовиш. Со тоа, за Општина Радовиш не произлегуваат дополнителни финансиски трошоци за транспортот на возилото.

 

 

Донацијата претставува значаен придонес за унапредување и зајакнување на техничките и оперативните капацитети на Територијалната противпожарна единица – Радовиш, што ќе овозможи подобра подготвеност и поефикасно постапување при интервенции и заштита на граѓаните и нивниот имот.

Општина Радовиш упатува благодарност до Здружението „ИЗВЕДЕН ОРАОВИЦА ДИЈАСПОРА“ од Швајцарија за значајната донација и за поддршката која претставува конкретен придонес кон унапредување на безбедноста и заштитата на граѓаните на Општина Радовиш.

Општина Радовиш и понатаму ќе продолжи да поддржува и реализира активности насочени кон подобрување на условите за работа на службите од значење за безбедноста и благосостојбата на граѓаните.

 


© RadovisNews.mk, правата за текстот се на редакцијата на информативниот портал.

 

Преземањето содржини и фотографии од порталот RadovisNews.mk значи дека давате согласност на нaведените Услови

 

 

 

 

 

error: Содржината е заштитена !!