Мерките дадоа резултати и влегуваме во период кога се очекува дополнително опаѓање на интензитетот на ширењето на вирусот и затоа донесовме одлуки за попуштање на рестриктивните мерки под крајно прецизни услови и критериуми. Премиерот Оливер Спасовски на прес-конференција ги соопшти одлуките на Владата за првата фаза од попуштањето на рестриктивните мерки за спречување на КОВИД-19. Во првата недела од олабавувањето на мерките, односно од утре, ќе започнат да се применуваат мерки со нови протоколи за работа за дејности кои имаат помал ризик, и тоа: – Завод за рехабилитација на слух, говор и глас – Скопје, – Центри за едукација, обуки и семинари за возрасни, организација на седници на органи на управување и конференции, – Авто школи, – Спортски тренинзи на отворено за индивидуални спортови, – Спортски и други обложувалници преку шалтер, – Затворени трговски центри-молови, без угостителските објекти во нив. За да се постигне максимална ефикасност, и максимална заштита, ќе се применуваат посебно пропишани протоколи за работа на секоја од овие дејности. Post navigation 47 ДАРИТЕЛИ ОД ДЕНЕШНАТА КРВОДАРИТЕЛСКА АКЦИЈА УВИД ВО ГРАДЕЖНИТЕ АКТИВНОСТИ НА ЕКСПРЕСНИОТ ПАТ ШТИП-РАДОВИШ (Видео)