Конкурс за доделување на традиционалните Шестоноемвриски признанија и плакети за 2022 година. На конкурсот може да се јават сите заинтересирани правни и физички лица, установи и организации, поединци, група творци и здруженија на граѓани од областа на занаетчиството, угостителската дејност, стопанството, образование, спорт и култура, здравство и социјално хуманитарна дејност во општина Радовиш. Во Јавниот конкурс се вели: Врз основа на член 50 и член 63 од Законот за локална самоуправа (Сл.весник на Р.М. бр. 05/2002), Градоначалникот на општина Радовиш донесе: Р Е Ш Е Н И Е за објавување на JАВЕН КОНКУРС за доделување на традиционалните Шестоноемвриски признанија и плакети за 2022 година Се објавува јавен конкурс за доделување на традиционалните Шестоноемвриски признанија и плакети за 2022 година На конкурсот може да се јават сите заинтересирани правни и физички лица, установи и организации, поединци, група творци и здруженија на граѓани од областа на занаетчиството, угостителската дејност, стопанството, образование, спорт и култура, здравство и социјално хуманитарна дејност во општина Радовиш. Потребни документи за поднесување се : – Податоци за предложеното физичко или правно лице; – Образложение за предлогот по конкурсот; Период за доставување на документите од 19.10.2022 год. заклучно со 28.10.2022 год. Документите се поднесуваат на адреса : ЕЛС општина Радовиш Бул. „Александар Македонски“ бр. 7, 2420 Радовиш или директно во архивата на ЕЛС општина Радовиш Со назнака : По конкурсот за 6 Ноември 2022 год. Напомена: Пријавите со нецелосна документација и ненавремено донесени, нема да бидат разгледувани. Повеќе информации на www.radovis.gov.mk Преземањето содржини и фотографии од порталот RadovisNews.mk значи дека давате согласност на нaведените Услови Post navigation ВЕЧЕРВА ПРОМОЦИЈА НА КНИГАТА ,,ДЕТСКИТЕ ИГРИ ВО РАДОВИШ” ОДРЖАНА ТАКТИЧКО-ПОКАЗНА ВЕЖБА ЗА СПАСУВАЊЕ И ЕВАКУАЦИЈА ОД ПОЖАР