Радовиш повторно е домаќин на магијата на фолклорот, детската радост и македонската традиција! На Плоштад „Свети Спасо Радовишки“ денес и утре се одржува меѓународниот детски фолклорен фестивал „ОРО ВЕСЕЛО“, кој уште од првата фестивалска вечер донесе незаборавни настапи, прекрасни народни носии, детски насмевки и атмосфера исполнета со музика, игра и традиција. Фестивалот го отвори Градоначалникот Љупче Почивалец кој истакна дека ФА „Бучим“ со децениска посветеност и искрена љубов кон фолклорот, продолжува успешно да ги чува корените, да ја негува традицијата и преку најмладите играорци да ја создава и пренесува убавината на македонскиот и светскиот фолклор. © RadovisNews.mk, правата за текстот се на редакцијата на информативниот портал. Преземањето содржини и фотографии од порталот RadovisNews.mk значи дека давате согласност на нaведените Услови Post navigation Духовденска задушница Завршна приредба на дечињата од детските градинки „Ацо Караманов“