Марио Ананиев („Радовиш“) успеа да освои златен медал, а Зоран Шоров („Балканец“) и Анастасија Трајчева („Штип“) стигнаа до бронзата. Ананиев ја освои првата позицијата во категоријата 48 кг. (У15), пред Берке Ибрам („Дан Колов“, Елена), Доминик Олсон (САД) и Гроздан Петков („Осман Дуралиев, Исперих) Шоров беше третопласиран во категоријата 75 кг (У15), на првото место се најде Венелин Георгиев („Левски“, Софија). Трајчева во категоријата 46 кг. (У15) е третопласирана, а најдобра беше Дајана Стојчева („Берое“, Стара Загора). На турнирот учествуваа 203 натпреварувачи од Косово, Турција, Македонија, САД, како и 29 клубови од Бугарија. Пласманите во сите категории на овој турнир можете да ги погледнете на следниот линк ТУКА Преземањето содржини и фотографии од порталот RadovisNews.mk значи дека давате согласност на нaведените Услови Post navigation ОГЛАС ЗА ВРАБОТУВАЊЕ ВО БОРОВ ДОЛ ТУРНИРОТ ВО ОДОБОЈКА ЗАВРШИ СО УСПЕХ НА РАБОТНИЧКИ И НИКОБ